,,Жито,, во три акции на езеро Младост засади повеќе од две илјади садници (фото)

Петар Печков

Компанијата ,,Жито,, во средата,  засади 35 повеќегодишни, репрезентативни  јавори, со што ја заврши за оваа сезона, акцијата на пошумување на опожарените површини на езеро Младост.

Во три последователни акции, пред Нова година, кога беа засадени илјада багреми, минатата седмица  илјада борчиња и ова вчерашната,  засадени се вкупни  20 декари  површина со повеќе  од две илјади садници.   

Од компанијата велат дека тие се подготвени и за следни  акции за пошумување,  за нови површини и  нови  садници. По вчерашното засадување, вработените од ,, Жито,, извршија и полевање на сите засадени садници од нивна страна.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати