,,Помислете на нас,, - Недела за борба против гладот

Петар Печков

Под мотото „Помислете и на нас“ Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес, од 16 до 22 октомври, ја одбележува Неделата за борба против гладот од 16 до 22 октомври. Одбележувањето е на традиционалниот начин. Со вредносни бонови од 20 денари кои се веќе распределени во сите основни и средни училишта во Општините Велес, Градско и Чашка. 

Секоја година учениците и вработените во училиштата ја покажуваат хуманоста на дело и купуваат голем број на вредносни бонови, а со собраните средства се донираат ваучери за набавка на над 50 пакети со храна за социјално загрозени семејства - велат од Општинскиот Црвен крст на Велес. 

Сите заинтересирани граѓани, фирми, институции можат да уплатат донација на сметката на Фондот на солидарност на Црвениот крст на Република Македонија Општинска организација Велес 200000001663445 Стопанска Банка АД Скопје, со назнака за недела на гладот.

Донираните средства ќе бидат наменети за обезбедување на храна за помош на ранливи целни групи на население во трите општини. Секое училиште ќе добие по четири  ваучери во вредност од илјада денари, кои ќе се поделат на социјално ранливи ученици, со кои  тие ќе може да купат храна и хигиенска средства во,,Жито маркетите,,. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати