Ѓорги Минов со признание за животно дело во спортот

Петар Печков

На неодамнешната свеченост за избор на спротист на Велес, беше врачено и признание за Животно дело.  Него го  доби  Ѓорги Минов – големиот вљубеник во спортот.  Фудбалот му е слабост. По вокација голман. Почетоците му се во далечната 1963 во големиот фудбал велешки Борец, па скопски Балкан, струмичка Тиверија и кариерата ја завршува во Младост.

Кон крајот на 80 те е еден од идејните творци на малиот фудбал во Македонија. Со група ентузијасти го формираат клубот во мал фудбал Парк Спорт и првата година на отвореното игралиште во градскиот парк следиме извонредни натпревари кога гостуваат легендарните Варош маало од Прилеп, штипски Мал Ајакс, скопски Железарец, кумановска куба. Од Парк спорт клубот го менува името во Дени Комерц и денес КМФ Велес.

Покрај активниот настап Ѓоко е во организацијата на лигата,член на разни комисии на малиот и големиот фудбал каде неговиот придонес е од непроценливо значење. Сеуште е активен,помага со сите сили и според неговите зборови додека го служи здравје ќе биде тука да се најде на помалдите.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати