ЈКП Дервен доби ново возило за собирање на смет, во вредност 3,2 милиони денари

Петар Печков

Велешките комуналци добија камион за собирање на смет, кој е донација од Европската унија. Возилото е од марка ИВЕКО, со капацитет од 5.5 м3, а наменето за собирање на смет од садови од 120 л до 1.100 л.

Камионот е добиен преку  Програмата за преку гранична соработка со градот Термаикос  Република Грција ИНТЕРРЕГ, а во рамки на проектот БИОРЕАЛ кој е финансиран од ИПА 2 европскиот фонд.  Возило за собирање и транспорт на смет – автосмеќар,е  во вредност од 3,2 милиони денари. 

Бидејќи  ЈКП Дервен има сериозен недостиг од возила за собирање на смет, а повеќето од постојните возила се толку стари што почесто се расипани отколку што се функционални, очекуваме со употребата на ова возило да се подобри ефективноста и ефикасноста на услугите на Секторот Комунална хигиена, односно да се подобри квалитетот на нашите услуги кон граѓаните. На овој начин се обновува  работниот возен парк  во ова велешко ЈП, кој со години беше запоставен или нефункционален - велат од ЈКП Дервен.

На крајот на минатиот месец, кога три стари дотраени камини за смет се расипаа, ЈКП Дервен позајмуваше  транспортни средства  од соседните општини за да градот не остане затрупан со ѓубре.  Општина Велес му должи на ЈКП Дервен 1,5 милини евра поради четири години  неплатените сметки во време на владеењето на претходното градско раководство. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати