ЈКП Дервен забележа загуба во 2018-та

Петар Печков

Минатата 2018-та година ЈКП Дервен забележа загуба од  15,56 милиони денари. Ова е констатирано во Годишниот извештај за работењето на ова комунално претпријатие.  Или остварени се вкупно приходи од 179,4 милиони а вкупните трошоци  се  194,9 милиони денари. Причините за загубата во годишниот извештај кратко се образложени:

,,Остварениот негативен финансиски резултат се должи на помалку остварените приходи во поодделни дејности,,.

 За потоа во графички приказ се илустрира дека Водовод и канализација, Комунална хигиена, Паркови и зеленило бележат помали приходи споредбено со годините наназад од 2015-та, 2016-та и 2017-та. Единствено Пазари бележат поголем приход во однос на претходните години.  Затоа пак трошоците за набавка на сурова вода, која се купува од ЈВП Лисиче пораснале и лани се платени 18,8 милион денари, додека во 2017-та било платено  14,7 милиони, во 2016-та и 2015-та по 12 милиони денари. Лани е забележан и пораст во однос на трошоците за гориво од 7,4 колку што се движеле годните претходно на 8,7 милиони во 2018-та.  

Загрижувачки е што повеќе од половина од произведената вода за пиење, не се фактурира, нема кој да ја плати. Или низ бројки лани биле произведени 5,3 милиони м3  а фактурирани биле 2,37 милиони м3 додека не фактурирани биле 2,9 милиони денари. Од фактурираната потрошена вода за пиење за домаќинствата било 1,94 милиони а за претпријатија и установи 440 илјади денари.

ЈКП Дервен дава објаснување зошто толкава загуба на вода. Дел е од технички причини - тоа е јавна потрошувачка -вода која е потрошена за полевање јавни површини,за фонтани, за јавни чешми, за перење јавни сообраќајни површини, како и од технички губиток - истекување поради дефект,  перење на цевководи, испирање на резервоари и водоводна и канализациона мрежа. 

Големата нефактурирана загуба на вода била и од комерцијални причини -неизмерена потрошувачка на вода поради неисправни водомери, незаконски приклучени потрошувачи.     

Во годишниот извештај констатирано е дека на крајот од минатата година во ЈКП Дервен имало 327 вработени. Ова не е прв пат во децениското работење на ЈКП Дерен да се забележи загуба во работата. Претходно тоа беше во 2010-тата  година.

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Какви специјалистички здравствени услуги користите?

  • од јавното здравство
  • од приватното здравство
  • комбинирам
Резултати