ЈКП Дервен започнува со нова акција на собирање на селектиран отпад

Петар Печков

Од оваа сабота, според однапред подготвен  распоред, граѓаните кои претходно од ЈКП Дервен  имаат добиено жолти канти за смет, ќе можат да го отстрануваат селектираниот отпад - хартија, картон, пластика, лименки, стакло.  Проектот е насловен  три Р - редуцирај, реупотреби и рециклирај.   Мотото е   ,,КОГА СЕ МЕША, ТОА Е ЃУБРЕ! КОГА СЕ РЕЦИКЛИРА, ТОА Е РЕСУРС!

Навиките во постапувањето со отпадот што го создаваме мора да ги менуваме. Депониите се преполни со отпад кој има употребна вредност. Трупаме отпад и создаваме потенцијални жаришта на болести и инфекции кои може да ги пренесат стаорците, комарците, мувите и другите инсекти во нашите живеалишта. Затоа, крајно време е да започнеме да го применуваме концептот - велат од ЈКП Дервен. 

Од таму објаснуваат дека најпрво  се  ОДВОЈУВАи РАЗДЕЛУВА отпадот на два дела:

- ХАРТИЈА, КАРТОН, ПЛАСТИКА, ЛИМЕНКИ, СТАКЛО (во жолта канта)

- ПРЕОСТАНАТ ОТПАД (во зелена канта)

Велешките комуналци потсетуваат   да се почитуваат следните правила:

- Кантата со отпад треба да ја изнесувате во определеното време на денот на собирање на отпадот

- По празнењето кантата треба да ја вратите во сопствената дворна површина/објект. Сукцесивно секоја година локалната власт ќе дели жолти канти за смет за сите фамилии од градот. Досега се поделни околу 1,5 илјади жолти канти. 

Почнувајќи од оваа сабота, 2-ри јуни ЈКП Дервен ќе врши собирање на отпадот од жолтите канти во терминот од 8 до 12 часот според следниот распоред за месец јуни. 

РЕОН 1  (2 јуни, 16 јуни, 30 јуни): Партение Зографски, Костурска, Пајак Планина, Андреја Дамјанов, Белградска, Мите Богоевски, Наце Димов, Стефан Димитров, Павел Шатев, Св. Кирил и Методиј, Архиепископ Михаил, Киро Чауле, Мирка Гинева, Луј Пастер, Камка Тоцинова, Коле Неделковски. 

РЕОН 2 (9 јуни, 23 јуни): Благој Ѓорев, Мицко Козар, Васил Главинов, Гемиџиска, Кумановска, Панко Брашнар,  Оливер Китановски, АСНОМ, Васа Кошулчева, Крсте Мисирков, Тодор Христов Офицерчето. 

Последователно:

РЕОН 1 – секоја прва и  трета сабота во месецот

РЕОН 2 – секоја втора и четврта сабота во месецот

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати