ЈКП Дервен набави нова цистерна

Петар Печков

ЈКП Дервен набави ново возило – цистерна марка Рено, со капацитет од 8.000 литри, наменето за перење на градските улици.

Ова возило ќе ги замени двете постоечки цистерни кои биле набавени во 70-те години. За жал од нив, само едната е во функција и се користи за перење на улците.

Со пуштањето во употреба на возилото очекуваме зголемување на ефикасноста и ефективноста во работењето на службата, односно подобрување на чистотата на улицит- велат од ЈКП Дервен.

Возилото е набавено со сопствени средства на ЈКП Дервен, во висина од 3.941.111 денари. Според програма за чистење на улиците, нивното перење треба да започне од 11 март.

Претходно ЈКП Дерен од сопствени средства набави  камион за собирање смет, автосемќар, откако со години возниот парк не беше обновен а возилата беа во лоша состојба. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати