Ја доби Општинската награда за 9-ти ноември ама на општинскиот празник ФК Борец одигра реми со Македонија ЃП

Петар Печков

Градски стадион Зоран Паунов

судија  Мечкаровски  Скопје

стрелци: Прелчец во 45+1 за ФК Борец, Божиноски  во 28 за ФК Македонија ЃП 

ФК Борец 1919: Мустафа, Абаз, Ефтимов (ж), Ѓорѓиев, Коцев, Лазаревиќ (ж), Пеев, Прелчец (ж), Ристовски, Стојковски  играа и Христов, Николовски (ж), Трајков 

ФК Македонија ЃП: Јовановски, Адем, Алексовски, Бианор, Божиновски, Демир, Емини, Мишевски,  Фернандињо, Спирковски,  Воша (ж)  играа и Јашаровски, Блажевски (ж), Филиповски 

Откако во петокот вечерта ја добија највисоката општинска награда 9-ти ноември, за сто годишното постоење на клубот, фудбалерите на ФК Борец 1919  следниот ден одиграа нерешено дома на Градски со екипата на ФК Македонија ЃП 1:1. Иако доминираа, велешките фудбалери освоија само бод.

Гостите, како и во претходните натпревари на Градски во Велес први дојдоа во водство, во 28-та преку Божиновски. Израмнувањето стигна преку Прелчец во судиското надополнување на првото полувреме, откако претходно Ѓорѓиев  ја заниша стативата а одбиената топка, во мержата ја смести хрватскиот интернационалец. Домашните фудбалери ја имаа играта и повеќе удари кон голот на гостите, доминираа но без реализација па скопјани си заминаа дома со бод и се шести со 18 бода.Но и тоа беше малку за нивниот стратег, Александар Таневски, кој по овој резултат  си поднесе оставка.

ФК Борец 1919 останува претпоследен 9-ти со 15 бода. По паузата во првенството поради настапите на репрезентацијата на Македонија, во следното коло, на 21 ноември,четврток, велешкиот прволигаш  повторно игра дома, и ја пречекува екипата на ФК Силекс која е четврта со 21 бод.

фото: Радица Дукова

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

  • да
  • како каде
  • не
Резултати