Јуртиев е непресметлив и заврши во Болница

Петар Печков

На обвинетиот  Илија Јуртиев  му е изречена мерка лекување во здравствена установа, оти лекарите констатирале дека тој е непресметлив. Основниот суд донесе вакво решение со тоа што од ЈЗУ психијатриска  болница  Бардовци, ќе треба да  испраќаат годишни извештаи за здравствената состојба на Јуртиев.    

Тој беше обвинет за убиството на Рахилка Темелкова , која ја усмртил со удар во глава со секира   и за два обиди за убиство на нејзиниот син Зоран  кого го прободел со нож во левата надлактица и снаата Славица на  која и  нанел лесни повреди.   

Лицето  има трајно душевно растројство –параноидна шизофренија, не  се лекувал оти не чувствувал дека е болен.   Кога го сторил делото  бил  во психотична состојба, ја губел реалноста, не бил способен логично да расудува, не можел да се контролира, да управува со себе, бил во непресметлива состојба. Тој во критичниот момент бил во состојба на непресметливост - изјави  вештото лице  д-р Катерина Николова  психијатар.

Јуртиев во негова  одбрана рече дека бил испровоциран од стана на соседот Зоран а смртта на сосетка биле сплет на несреќни околности.

Се боревме со Зоран на вратата за ашовот. И кога се натегавме, боревме  кој  да го земе, ашовот летна и ја  удри Рахилка  во глава. Не го  признавам делото, не го сторив. Кога ме совладуваа двете лица се здобив  со повреди на рамото и по телото,за што имам медицинска  документација. Кога полицијата ме уапси, веднаш  ме донесоа во Болница да  ме  лекуваат – рече Јуртиев.   

Неговиот бранител Александар Јаковлевски, рече дека решението е  донесено во согласност со вештачењето  на вешто лице  доктор -  невропсихијатар и дкеа ќе се следи здравствената состојба на обвинетиот во иднина.   

Тој беше обвинет за убиство и две убиства во обид   кои се случија  на 5-ти април годинава во 9,45ч.  во домот на Темелкови, каде Јуртиев го сторил делото а биле соседи. Имале нерасчистени имотно –правни  доноси. 

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (ОКТОМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каков превоз најчесто користите?

  • автобус
  • автомобил
  • воз
  • комбинирам
  • такси
Резултати