Љубе Ристов по 26 години работа како домаќин во Пензионерскиот, замина во пензија

Петар Печков

Велешанецот Љубе Ристов по 26 години минати како домаќин во Домот на пензионерите, се пензионираше. На 80 годишна возраст, тој реши да се повлече. Нo и покрај тоа што административно не е на работната обврска, тој секојдневно во  салата на Домот за пензионери.   Тој беше во оваа просторија од есента 1992-та, кога  ги послужуваше гостите, им нудеше игри за забава, карти. 

Кога се пензионирав на 30-ти септември, следниот дена веднаш дојдов тука да помагам на пензионерите. Работев во железница, како отправљач на колите.  Пред тргнување го прегледував  вагоните дали се во возна состојба и дали може да сообраќаат. Цел работен век го минав патувајќи до Скопје на работа,  - се присетува Љубе.

Тој иако живее во другиот дел на градот, Прцорек, подалеку од Пензионерскиот, оваа релација ја пешачеше по два пати, и исто толку назад кон дома. Вели дека е подобро кога се движи, отколку дома да седи и гледа телевизија. 

Ја отклучував просторијата, како келнер ги услужував, сок, вода кој што сака. Почнував во 8 наутро, ако е зимно време пуштав парно, ако е топло  клима уред. Гостите знаеја понекој пат да се скараат, кога некои ќе загуби. Сакаат да победуваат.  Имаше на времето далеку повеќе гости, сега се намали бројот на пензионери - додава Љубе.

Тој за сите овие 26 години, неговите гости велат, дека со никого не се скарал, со никого не се замерил, напротив со сите живее и сите имаат убави и топли зборови за него.   Учествувал  и на спортски игри на пензионерите а во Струга 1997-та освоил златна медалја  во пикадо.

Работата беше лесна, немав потешкотии.   Секој ден сум тука иако сум во пензија, тука ми остана душата - кажа за разделба Љубе. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати