Ќе поскапе ли водата во Велес по Нова година

Петар Печков

Најавите на Регуларната комисија за повисока цена на водата за пиење во Велес,  предизвика реакции  кај  велешани, Тие и така сметаат дека пијат меѓу поскапата вода во Македонија, ова би бил нов  удар  по семејниот Буџет.   Ова е новина согласно Законот за утврдување на цени на водните услуги, донесен во 2016-тата и треба да се применува од наредната .  

Регулаторна на крајот од ноември на ЈКП ДЕРВЕН му утврдила просечна тарифа за водната услуга снабдување со вода за пиење или водоснабдување за 2018 година во износ од 41,30 ден/м3 или би се движела од  36.74  до   45,85 дена за м3. Велешани сега плаќаат 30,40 денари за м3.  Ако цената на водата се покачи по минималната тарифа тоа би значело покачување од  22,3%

Ова покачување и да е минимално од 22,3% за мене е неприфатливо.   Покачувањето на цената за вода е спротивно на моите изборни ветувања, затоа чувствувам морална  обврска да ги  известам граѓаните на Општина Велес за ситуацијата со цената на водата за пиење.   Не се откажувам од намерата да се намали цената на водата, како што ветив. За  овој проблем разговарав со премиерот Зоран Заев во присуство на сите градоначалници на средбата во  петокот во Струга. Лично мислам дека има недоразбирања при определување на тарифата на водата. Кога е во прашање ЈВП Лисиче, не е земено во предвид фактот што  неговиот цевковод  е изграден со средства на самопридонес на граѓаните на општината. Ниту пак е земен во предвид фактот дека ЈКП  Дерен има превработеност и со намалување на бројот  на вработени на реално  ниво, ќе се намалат трошоците за плати   и придонеси кои  сериозно влијаат на цената на водата. Ќе сториме се, во рамките на законските можности, граѓаните да не доживеат ценовен удар, врз и така тешката социјална состојба, со нова повисока цена на комуналните сметки.  Тврдам дека има место водата  да поевтини за 10 отсто, дали ќе успеам во тоа ќе  покаже времето - образложи градоначалникот Коцевски.  

Така според регулаторна,  утврдената  цена на водата од  ЈВП Лисиче која тоа му ја испорачува на ЈКП Дервен  е од  6,03 ден за м3  до 17,65 а просечната е 11,84 ден за м/3. Сега  цената на водата која ЈКП Дерен ја купува од ЈВП Лисиче изнесува  3,20 ден за м3.  Или со новата цена  би се покачила најмалку за 88,4%.

Според пресметките на регулаторна  нова цена има и за канализационата отпадна, фекална  вода,  која ЈКП  Дервен ја засметува на граѓаните.  Минималната тарифа е определена на 4,75,  максималната е на 10,99 или просечна од  7,87. Сегашната цена е 5,45 денари за м/3.

По ваквиот развој на настаните,  водоснабдителните претпријатија, решиле да поднесат тужба до Управниот суд. Бидејќи тие не се согласуваат со пресметките, преку АТКОМ, здружение  кое ги обединува сите Јавно комунални претпријатија во Македонија правно и законски  ќе се спротивстават на новите цени, кој Регулаторната  комисија ги усвоила – рече Коцевски.  

Цената на водата, во утврден законски рок треба да ја донесе Советот на општина  Велес. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати