Ќе се заштити ли државата со масовниот отстрел на дивата свиња, прашуваат екологистите

Петар Печков

Екологистот Игор Смилев, од ЕГ ,,Зелена сила,,од Велес  реагира на одлуката  на Агенцијата за храна, за масовен отстрел на дивата свиња. Неа надлежните ја најавија како превенција, за да се спречи ширењето на африканската свињска чума. 

"Превентивниот" масовен отстрел на дивата свиња, одгледувана самостојно, со убивање на 50% од популацијата со употреба на конвенционално оружје и војска е најблаго речено чудно и неразбирливо.  Ова е слично како да пресечете превентивно 50% од вкупниот шумски фонд во Македонија за да спречите евентуална појава на пожари.  Африканската чума нема да се искорени со масовна ликвидација. И еден заболен примерок, крлеж или инфициран секрет -крв , измет, ткиво  е доволен да ја пренесе. Како ќе препознаете потенцијално заразена дива свиња од здрава? Или наједноставно - пукај во се што ќе мрдне - напиша Смилев на неговиот ФБ профил. 

Директорот на Агенцијата за храна, Зоран Атанасов, неодамна на средба со ловџиите, кога ја образложи оваа одлука, кажа дека таа нема да влијае на искоренување на дивата свиња. 

Целта на овој отстрел е да са намали популацијата на диви свињи, која според сегашната проценка е три пати повеќе од  колку што треба да ја има во земјава, во ловиштата. Не зборуваме за минимум, кој е 0,3 свињи на км2, туку да се намали можноста да се пренесе болеста африканска свинска чума, преку дивите свињи- изјави  Атанасов.

Од здружението на одгледувачи на свињи додаваат дека  отстрелот на осум илјади диви свињи  е помалку страшен наспроти опасноста да се изгубат 300 илјади свињи по фармите.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати