Ќе се уредуваат игралиштата во Башино село, Превалец и помошното во Градски парк

Петар Печков

Фудбалската Федерација на Македонија со 15 илјади евра ќе помага во подобрувањето на  фудбалската  инфраструктура во Општина Велес. Ќе се обновуваат стадионите во  населба Превалец и Башино село и  помошното игралиште во Градскиот парк.  За секое од нив одвоени се по пет илјади  евра.

Помошното  фудбалско игралиште во Градскиот парк ќе се носи техничка вода и ќе се уреди теренот.  За двата терени во Превалец и Башино село  ќе одлучат клубовите кои таму настапуваат - рече Златко Гуцев директор на ЈП парк спорт.   

Градоначалникот Коцевски потсети  дека ФФМ веќе одобрила поставување на нови 1,5 илјади пластични седишта на Градскиот стадион. За таа цел во тек бил јавен повик за избор на градежна фирма која ќе работи на поставување на столиците, но и за уредување на природните извори кои се позади трибините на стадионот.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати