АУТОЛ-М единствена нуди декарбонизација на автомобили

Петар Печков

Велешката фирма АУТОЛ-М  нуди нова услуга која засега е ретка во Македонија и единствена во Велес и околните градови.   Тие започнаа со декарбонизација на возилата. Тоа е само дел од новите услуги кои фирмата ги дава  на сопствениците и на автомобили и на товарни возила.  

На сопствениците на автомобили им нудиме декарбонизација на мотори,  за прочистување на издувните гасови на возилата, потоа внатрешно  хемиско чистење на возилата - автомобили, комбиња, камиони за што е набавена квалитетна и современ машина.  Имаме и автоматска перална за камиони и автобуси, потоа паркинг за камиони со 24 часовно обезбедување, самоуслужна перална за автомобили и тоа две, по принцип со картици и метални пари. Имаме и сервис, во прво време само за лесни автомобили и лесни поправки, во следната фаза за неколку месеци и сервис за камиони. Имаме вулканизерски сервис и хотел -складиште за чување  на гуми од моторни возила    - вели Драган Костовски  сопственик на  АУТОЛ-М.  

Декарбонизација е најнова технологија за отстранување на јаглеродот од моторот и издувниот систем со HHO гас (вода и кислород). Со оваа метода се чисти трупот на моторот од неговата внатрешноста. Ова е револуционерен медиум кој, за само 20 минути без отворање на моторот, ги отстранува ѓубрежните делови на вентилацијата, сидровите на цилиндрите, целиот клип, свеќи, млазници, агли, сензори, EGR вентил, каталитички конвертор и DPF филтер.

Декарбонизацијата е важна за возила кои имаат 20 илјади или 25 илјади минати километри, да се  прочистуваат  издувните гасови и цевки  заради подобра работа на моторот, помала потрошувачка, со што  во околината се исфрлаат  помалку издувни гасови.  

АУТО-Л се наоѓа во индустриска зона Каласлари, близу Маркард

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати