Автомобил излета од пат, две момчиња повредени

Петар Печков

Саботата вечер,  24 март, автомобил излетал од пат, две момчиња,по место на живеење  од Бузалково се повредени. Сообраќајката се случила околу 19.30 ч. на локалниот пат Велес - село  Раштани. СВР Велес информираше за настанот.

Кај  крстосница на патот во изградба Велес-Прилеп е случена сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка „Фолксваген Голф“ со велешки регистарски броеви управуван од непознат, излетал од мостот и паднал на патот под надвозникот. Во незгодата се повредени лицата Ф.Н.(21) и Б. К.(19) од с.Бузалково кои со возило на Итна медицинска помош - Велес се пренесени во ЈЗУ Општа болница Велес каде  се задржани на лекување - пишува во соопшштенеито ан СВР Велес. 

Увид на местото на настанот извршила екипа одвелешката полиција, и по истрагата ќе бидат познати причините за незгодата. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати