Аихер - Маркард е меѓу подобрите компании во Македонија

Петар Печков

Одбележувањето на  за ангажирањето на   500-от вработен во Маркард Македонија и две години од официјалното отворање, беше повод за интервју со  Волфганг Аихер генерален Менаџер на Маркард Македонија. Во 2014 година Маркард ја основа новата подружница во Велес, а само по една година, во јуни 2015 Маркард започна со производство. На 7-ми Октомври 2015 година беше официјалното отворање.

      Во Велес беа планирани 600 вработувања во првите 5 години, а само после 3 години работа достигнавме бројка од 500 вработени. 2014 година ја завршивме со само 14 вработени. Денес сум многу горд и среќен да ви соопштам дека броиме повеќе од 500 вработени.

      Каква е состојбата со флуктуацијата на работана рака во фабриката за овие две години откако започнавте со работа?

Флуктоацијата во овие две години, откако започнавме со работа е на ниско ниво, е задоволителна. Меѓутоа во последните месеци се засилува  од причина што македонскиот пазар  во моментот не  нуди услови, има недостаток ан вработувања. Поради тоа  вработените се одлучуваат да заминуваат.

    Дали цел на вашите  вработувања се лица од Велес,  или и од соседните градови?

Нашиот таргет пред се е Велес, затоа што сме во близна на Велес и секако Караслари. Можам да кажам дека луѓето во Велес се доверливи и затоа најголемиот дел од вработените доаѓаат од Велес.  

      Колку сте задоволни од  стручноста на луѓето кои доаѓаат да работат? 

Нашата цел во моментов е да ги  најдеме  потребните вештини и знаења, во Велес и сме задоволни. Особено за позициите кои се специфични, или инженерски. Нив ги бараме и наоколу. Најголемиот дел од барањата ги задоволуваме во Велес но и имаме вработени на инженерски  позиции од Скопје.   Нашите потреби за одредени позиции ги задоволуваме преку тренинзи во кој многу вложуваме.

    Какви се плановите за проширување на Маркард?

Во моментов размислуваме  за натамошен развој на компанијата, како во поглед на бројот на вработени исто  и на инвестициите. Самиот влог не го гледаме преку вработувања, туку и развивање кадри кои се потребни и на македонскиот пазар.   Сведоци сме на затегната ситуација во Македонија, има голем број на добар и специфичен кадар  кои заминува надвор од државата.  Имаме фабрика, која е  меѓу подобрите  компании во Македонија, како во поглед на работните  услови, така и за сопствениот раст и развој  во кариерата.  Вложивме  30 милиони евра, оти веруваме во иднината во Македонија. Тие хали и опрема нема да исчезнат од тука. Во наредниот период   планираме инвестиција од 7,5 милиони евра.

 Според истражување, просечната плата во Маркард е меѓу подобрите странски инвестиции во Македонија. Колку изнесуваа таа?   

Просечната плата во Маркард Македонија е меѓу  500 и 600 евра нето. Можам да кажам    дека е ова навистина солидна, во однос на моменталните услови на пазарот. Не сме  компанија која ги плаќа премногу или премалку вработените. Имаме соодветен стандарден систем, со кој ги евалуираме вработените да бидат исплатени согласно  нивниот вложен труд.  Се  повеќе е затегнат пазарот во  поглед на бизнисот. Ние сме компанија која е присутна глобално и локално. Во рамките на нашата мајка компанија, која е во Германија треба да испорачаме соодветни резултати. Се споредуваме и  со другите  наши компании кои се сестри, присутни во Кина, Мексико, каде цената на трудот е пониска.   Можам со задоволство да кажам дека   го задржуваме нивото и стандардот на платежната    способност на компанија и испорачување на позитивни бизнис резултати во моментов.

 Како општествено одговорна компанија, дали помага на некоја заедница, организација, заедница во градот?

Секоја година одредена сума средства донираме некому, некаде, на соодветни институции. Преку  одредени програми го помагаме општеството и општествениот развој, а настапуваме заеднички. Генерално корпоративно сме одговорни. Тоа го докажуваат одредени факти. Минатата година добивме Општинско признание на градот, за инвестицијата што ја направивме. Во Тунис Маркард доби награда од државата.   

loading...

Поврзани »

loading...

ИТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Советот на Општина Велес на седницата одржана на ден 27.11.2017 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ИТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Конкурс за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2017/2018 година

Во согласност со Програмата на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес 25-5299/3. Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес на ден 13.12..2017 година, распишува К О Н К У Р С

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (ДЕКЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com