Актерската награда ,,Петре Прличко,, за Младен Крстевски, со реакции во дел од јавноста

Петар Печков

Добитник на  актерската награда ,,Петре Прличко,, е велешкиот актер Младен Крстевски. Така едногласно одлучило жирито во состав Слободанка Чичевска, Драган Миладинов и Кирил Гравчев.  Наградата ќе биде доделена во сабота  на сцената на велешкиот  театар, каде како в.д директор е токму Крстевски.  Оваа одлука иако сеуште не беше официјално соопштена, предизвика многу реакции во дел до јавноста.    Од жирито уверуваат дека работеле без притисоци. 

Како предлог добивме само еден и тоа Младен Крстевски. Тој во биографија имаше богато досие остварени ролји  и на  театар и на филм, за што е и наградуван.  Тој  е сепак име за македонското глумиште. Реакциите на јавноста јас би ги упатил во друга насока, зошто никој не испратил друг номинација, зошто не предложил кандидат. Така што јас тука го гледам проблемот.   Така беше и со години наназад, секогаш имало малку предлози. Што се однесува до составот на жирито тој е по предлог на Комисијата за именувања при Советот на Општината - кажа членот на жирито  дипломираниот актер Драган Миладинов. 

Наградата изнесува 30 илјади денари средства обезбедени од општинскиот Буџет а во чест на наградениот, велешки театар ќе ја одигра претставата ,,Елешник,,. Минатата година награда не се додели оти не беше  навреме распишан конкурс. Јавно за ова награда коментираше актерот Петар Арсовски кој на неговиот фб профил напиша:

Сегашнава состојба во велешки театар и култура би можела да се нарече ,,Хроника на најавената смрт,,(Маркес). Сите знаевме дека овој скандал ќе се случи а  молчевме - пиша Арсовски.  

Добитникот Крстевски е  трет велешанец по Александар Ѓоргиев и Кирил Гравчев која ја добива наградата ,,Петре Прличко,,. За разлика од нив, кај дел од јавноста оваа одлука беше пречекана со оспорувања.  

Наградата со името  од стариот пријател Петре Прличко, со кого сум настапувал на велешката сцена ми значи многу. Но морам да реагирам на повеќе ноторни лаги. Ниту сам се предложив, туку некој од театар, ниту го избрав жирито, тоа е одлука на Општина, ниту театарот доделува парична награда.   За реакциите на некои од колегите, доволно зборуваат моите улоги на сцената. За прашањата кои некои колеги од тука или што заминале, јас да одговарам не е во ред. Како работи театарот најдобро зборува публиката која го полни салонот. И документите кои секој месец како прв човек би праќам во Министерството за култура, кое молчи и не ги објавува резултатите. Убаво е јавноста да види кој театар колку претстави одиграл годинава, што сработил. Моите резултати се документирани и јавни.  Не мора сите да се сакаме во театар, треба да се почитуваме. И јас  не  сакам некого и мене не ме сака некој.     За реакцијата на Арсовски, колку што јас имам изиграно улоги за една година,    тој нема за цел работен век. Колкумина го препознаваат него на улица како актер. Јавноста памти од пред некоја година кое лице е тој, не треба да му до објаснувам - кажа Крстевски. 

Прашан дали ужива во овој момент кога е награден наспроти реакциите на дел од јавноста Крстевски додаде: ,, Која јавност, тоа се промашени актери и новинари,,.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати