Акција за пошумување околу езеро Младост, се посадија 13,7 илјади садници (фото)

Петар Печков

Во акција на пошумување, беа засадени првите 10 хектари од опожарените површини околу езеро Младост. Според организаторот, Општина Велес, засадени биле 13,7 илјади садници од багрем, чемпрес, јасен и јавор.  Средства за 2,7 илјади  садници биле обезбедени од донатори, а Општина Велес обезбедила средства за набавка на 11 илјади  садници.

Иако директорката на  Шумското стопанство ,,Бабуна,, од Велес неодамна   кажа дека годинава нема да има пошумување на овој простор поради неподготвеност,  туку во селото Кумарино, локалната власт, на крајот од годината организираше ваква акција.

На мое инсистирање, бидејќи  ветив  дека ќе има голема акција на пошумување, и тоа се случи. Морав  да извршам притисок да ја променат одлуката и да подготват 25 хектари за есенско засадување. Тие подготвуваа терен на друга локација и реагирав. Научно е докажано дека есенското пошумување е многу подобро во споредба со пролетното, оти овозможува дрвата да се адаптираат - кажа градоначалникот Коцевски.   Раководителот на ПЕ на ЈП Македонски шуми, Љубенка Попова објасни дека просторот бил расчистен, и дошло до пошумување оти  не можела да дозволи ,,таква грда слика, последица од  пожарот,,.  

Бидејќи акција се случи во деновите пред  нова година, не беа во можност да учествуваат вработените од  странските компании Маркарт и Ронтис, кој покажале интерес и желба. Но затоа учествуваа вработени од  Жито Маркети кои засадија илјада багреми. Во акција учествуваа и вработени од ЈКП Дервен, од градинките,  припадници на АРМ, вработени во локалната власт, советници,  членови на Ротари клубот и Лајонс клубот. 

Општина Велес изрази благодарност до сите учесници кои беа дел од денешната акција и  најавува  следните акции за пошумување кои ќе бидат спроведени напролет.  Летоска на 26 август се случи голем пожар, каде изгоре површина од 400 хе од нив 200 ха под шума, со  вкупна количина од 4.538м3 дрвна маса. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати