Александар Илиевски победник на петитот Куп во далечинско пливање на езеро Младост (фото и видео)

Петар Печков

На езерото Младост, денес се одржа 5-тито Куп во далечинско пливање. Тој беше втор од серијата на пливачката Федерација на Македонија, првиот беше на Охридско езеро.  Учествуваа 50-тина пливачи кои се натпреваруваа во повеќе категории, аматери и професионалци, на различни должини.  Годинава за разлика од претходните имаше повеќе учесници професионалци, или пливачи кои се  членови на пливачки клубови, додека помалку аматери. Победник на 5км. кај машките за професионалци беше  Александар Илиевски

пред  Јасин Рамадани и трето место Етон Зекири, сите од Пливачка Федерација на Македонија. Кај девојките на 2,5 км победи   Калина Стојчевска, второ место за Ивана Неделковска

трето место  Калина Стојановска.  На истата патека  2.5 км машки професионалци победи Андреј Стојановски пред  Сергеј Пејковски и  Кристијан Стојановски.  Кај аматерите  на 2.5 км  мажи прво место  освои  Христијан Јанков, второ место - Марио Џинов и трето место - Бојан Илковски. Кај девојките аматерки прво место  Вероника Зашевска  пред Ирена Панова Петровска и Марија Ѓорѓиевска.

 Според тоа како мина трката задоволни сме од настанот и од присуството на велешани, но и бројни други гости на Куп. Целта е постигната да  секоја година имаме нешто плус. Годинава имавме повеќе професионални пливачи  - рече Иле Попов од здружението "Клуб 28"  кое заедно со кајакарскиот клуб "Бабуна" и во  соработка со Пливачката Федерација на РМ, под покровителство на Општина Велес беа организатори на Купот во далечинско пливање.  

Александар Маленко претседател на Пливачката Федерација на Македонија најави дека до година Купот ќе биде меѓународен.

 Имавме прекрасни услови за пливачите. Важно е овој Куп да биде дел од меѓународниот ЛЕН (меѓународна пливачка федерација) календар, заедно со Охридскиот 10 километарски пливачки маратон. Треба да се знае дека 5 км е европска и светска дисциплина на меѓународни натпревари - рече Маленко.     

Имаше учесници од Охрид, Штип, Куманово,  Скопје, Велес. Наградите за аматерите ги обезбеди  компанијата "Вулканизер и Отпад Дине" .

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати