Алејата на Великаните заборавена

Петар Печков

Четири години се чека да се  изгради Алејата на великаните, каде  требаше да  бидат  поставени  спомен  бистите на паднатите борци од НОБ во велешко, но и бистите на борците поети од поранешна Југославија, кои се наоѓаа во дворот  на Гимназијата.

Иако мина долгов време, а ТрМр често ја прашуваше локалната власт, таа најавуваше дека проектот е готов и наскоро бистите ќе бидат поставени. Тие нивното  поставување го поврзуваа со обновата на Спомен Костурницата, која заврши  минатата година во пролет.  

Но од тогаш ништо  нe се  презеде иако градоналчникот пред тогашна  министерка Канчевска Милевска  најави дека Костурницата ќе се осветли, паркот  се  ревитализира а сето тоа е дел од таа Алеја на великаните.

За потсетување при градежни работи за изградба на Паркот на пријателството, уште тогаш ТрМр пишуваше дека таму работниците пронајдоа  човечки коски.    Но спротивно  на регулативата иако требаше да се сопре изградбата се додека не се констатира од каде се и чии овие коски, тоа се премолче а изградбата продолжи ударнички за да се запазат роковите пуштање на 9-ти ноември Денто на градот.  

На ова тема локалниот  СДСМ го праша градоначалникот Чадиев зошто е заборавена најавената Алеја на великаните.

Каде се  извадените и непоставени бисти на Народните херои, како и бистите на хероите кои некогаш беа во паркот пред Гимназијата и на други јавни површини. Ветија АЛЕЈА НА ХЕРОИТЕ кај Костурница, не ја направија алејата, а бистите кој знае во кое депо фаќаат прашина. Ветија дека ќе се излеат во бронза украдените и непронајдени бисти и тоа ветување не го остварија. Грубо се уништи Паркот на Велешките Народни херои Димче Мирчев и Благој Страчковски а на истото место никна Парк на пријателството како да други места немаше во градот. Тука требаше да стои бистата на Мустафа Кемал Ататурк, но и по седум години бистата не е поставена – реагираше Весна Стојанова Богоевска портпарол на СДСМ Велес.  

Сакаме да ја информираме јавноста дека согласно барањето на Сојузот на борците од Велес,за заштита на спомен обележјата од Втората светска војна, сите бисти на народните херои од НОБ се извадени и се чуваат во депото на Спомен костурницата. Во меѓувреме Општина Велес го изработи проектот „Алеја на борците“ издаден е налог за нејзина изградба, предаден на фирма изведувач но се чека да поминат изборите тој да се реализира за да не се сфати како додворување на боречката организација. Што се однесува со спомен бистата на Кемал Ататурк, сакаме да Ве известиме дека во тек е процедурата за нејзино поставување. Тоа е донација од Турција и ние не можеме да влијаеме на времетраењето при нејзината изработка и пристигнување. Сепак очекуваме дека и таа набрзо ќе биде поставена на постаментот исто како што и бистата на Кочо Рацин ќе биде поставена со една од збратимените Турски општини – пишува во писмената реакција од  Општина Велес. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати