Анѓушев го презема ФК Борец 1919

Петар Печков

На синоќешното  собрание на ФК Борец 1919 избрано е ново раководство.  За нов претседател беше избран  бизнисменот Кочо Анѓушев.  Ова информација ја  потврди за ТрМр лично Анѓушев. 

 Во клубот дојдоа некои нови моменти и го презедов ФК Борец , како бренд на градот.   Плановите се исти, Борец од есен да биде член на  Втора лига  за  две години потоа и  во  Прва Лига. Велес заслужува прволигаш – рече Анѓушев во телефонскиот разговор.  

Според  Законот за спорт  едно лице не може да биде сопственик на два клуба, па поради тоа ФК Гемиџии го отстапува на друг, со тоа што ќе ја помага младинската екипа од која треба  излегуваат нови фудбалери, кадар за Борец.  

На синоќешното собрание 20-те делегати на  ФК Борец 1919 , своерачно потпишале изјави дека доброволно се откажуваат од членството и му го предаваат менаџирањето на  клубот на бизнисменот Анѓушев.    ФК Борец целосно ќе биде спонзориран од  фирмата на Анѓушев. 

За потсетување, тој преговарал и пред почетокот на фудбалската сезона 2016/17 кој велешки клуб да  го преземен, но од ФК Борец тогаш  поставиле невозможни услови, па Анѓушев се реши да го презеде ФК Гемиџии, тогаш нов член  на Третата лига Југ.  

По есенската полуетапа во Третата лига Југ, Борец 1919 е трети со 14 екипи, со  29 бодови, колку што има и четвртиот Напредок од Крушеане, втора е  Победа Валандово со 31 бод а прв е Кожуф Гевгелија со  36. Во Втора лига влегуваат првите три екипи.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати