Анѓушев кон матурантите добијте знаење, дипломата е парче хартија

Петар Печков

Матурантите од Гимназијата Кочо Рацин имаа можност да го слушнат животниот пат на стопанственикот Кочо Анѓушев. По предметот бизнис и претприемништво, учениците од четврта година,  избрале  гостин да им биде Кочо Анѓушев, во улога на успешен стопанственик.   

Часот мина повеќе од успешно. Тој го изнесе  неговото животно и бизнис искуство, го сподели со учениците, тие слушаа и прашуваа. Часот траеше  60 минути наместо 45. Битно  е што до аспект на бизнисот тој потполно ја оствари целта - рече професорката  Анисија Мајнова.   

 Анѓушев нагласи дека дружењето со младите му било големо задоволство и можност да им пренесе дел од неговото животно искуство, во однос на учењето и претприемништвото. 

 На младите им препорачав да имаат храброст, да не се плашат, да бидат претпримечки расположени. За тоа се потребни четири карактеристики. Прво е да стекнат вештини, да имаат  било каков занает. Второ е да имаат желба за работа, да не се плашат од неа.  Трето е да сонуваат голем сон  и последно  е да имаат упорност. Никој од прва не успеал. Треба да се пробува повеќе пати, да се биде упорен, да се биде доследен. Одете на факлултет каде ќе добиете знаење, не диплома. Иднината е  вештините и знаењата не во ливче хартија. На младите им порачувам да се борат за вештини и знаења тоа  ќе им биде влез за подобар живот  - рече Анѓушев. 

Тој во обраќањето кон младите им порача дека не треба да се срамат од работа и посочи дека додека бил ученик, преку лето работел кај двајца автомеханичари, сега покојни, каде го учел занаетот.  Во разговорот со учениците Анѓушев посочи повеќе пати дека треба да имаат сон, за кој ќе живеат.  Прашан дали неговиот сон стана реалност тој рече: 

,,Мојот сон за стопанственик ми се реализира а  сон да бидам политичар не сум имал никогаш.  Живеев како млад со сонот да се направи фабрика, оти дедо ми имал во Велес пред војната. Работата до реализација на  тој сон е со многу работа и посветеност,,. 

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали е потребно забрана за користење на мобилни на наставата во училиштата?

  • да
  • не
Резултати