Анѓушев на фудбалерите и фудбалските ветерани им кажа дека клубот ќе се продава на берза оти е АД

Петар Печков

 
Фудбалскиот клуб Борец , член на Првата лига ќе се продава на берза.Ова им го соопшти се уште актуелниот претседател и спонзор, Кочо Анѓушев на фудбалерите и претставниците на фудбалските ветерани од градот на заедничкиот состанок.  

 „Бидејќи ФК Борец е АД и за негово формирање вложив 25 илјади евра во акции, од по 10 евра, на берзата за некој период ќе понудам нивна продажба. Тогаш има право физичко или правно лице да учествува и ги купува акциите. Ако сте во можност купете ги, јас ветувам и давам гаранции дека ќе Ви ги вратам парите што ќе ги вложите минус шест илјади. Тоа се средства кое друго лице ги доби, кога го земав клубот.  Не можам заради бонитетот на моите фирми да го дадам АД Борец без пари, што влијае на моето СВ како стопанственик. Сите плати кон фудбалерите ќе бидат исплатени до петок и клубот ќе биде без долгови“  - порача Анѓушев.

Тој додаде дека за сите натамошни контакти на располагање ќе им биде правник, заради премин на  сопственоста. Ова негово објаснување не наиде на разбирање кај дел од присутните фудбалски ветерани, со образложение дека во саботата, при нивната средба имале друг договор. 

Досегашниот директор на ФК Борец 1919 имаше поединечна средба со секој фудбалер, какви се новите негови  планови, дали останува или заминува од клубот. Во името на фудбалските ветерани, поранешниот фудбалер на ФК Борец Марјан Нацев  ги образложи нивните планови.

„Ние имаме желба клубот да не згасне по заминувањето на спонзорот. Работиме да го преземеме и да најдеме финансиер. Првенството е на прагот и  секој ден е драгоцен. Во ситуација сме да обезбедиме пари за фудбалерите, оти платени се трошоците за судиите, патувања“- кажа Нацев.

По заминувањето на спонзорот, оставка на тренерската позиција си даде Горазд Михајлов и неговиот помошник Ане Темелков. Нов тренер на ФК Борец е Баже Левков, поранешен фудбалер на ФК Борец. Од клубот засега си замина хрватскиот интернационалец Никола Прелчец.  

Заминувањето на финансиерот на ФК Борец, Кочо Анѓушев  дојде по Годишното изборно собрание на ОФС Велес. На него Анѓушев бараше клубот да има делегат во Собранието на ФФМ, што со надгласување не беше прифатено. По ова тој си замина од изборното собрание а две седмици подоцна од клубот си замина Анѓушев и компанијата Брако. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати