Архитектите потсетуваат Велес на Дамјанов да му подигне достоинствен паметник

Петар Печков

Андреја Дамјанов е маркантна и незаобиколна личност на Македонија од 19-тиот век, протомајстор   кој за 65 годишниот живот остави 10-тина цркви во Македонија, шест во Србија, три во Босна и Херцеговина  кажа  архитектот Трајко Димитров од Асоцијацијата на архитекти на Македонија на одбележувањето на 205 години од раѓањето и 140 години од неговата смртта. Димитров во името на архитектите на Македонија побара Дамјанов да добие споменик, што го бараа и претходните години, но остана само на ветувања. 

Сеќавањето за овој неповторлив неимар и великан треба да биде преку богата и достоинствена  монографија. Потоа во градот каде е упокоен на видно место да се постави достоинствен паметник  за Дамјанов. Само кај народ со такoво дух може да се роди таков гениј - порача Димитров. 

Тој најави дека во 2020-та Асоцијација на архитекти планира да издаде монографија 30-те добитници на наградата Андреја Дамјанов. Делегацијата на архитектите на Македонија не пропушти можност да ја посети катедралана црква Св. Пантелејмон. Неподелените   впечатоци ги кажа   Вера Ќосевска претседател на Архитектонска академија, при Асоцијацијата на архитекти на Македонија. 

Делото на Дамјанов е најголемо од тоа време,  кога тој создавал. Неговите цркви се ремек дела за тоа време, кога немало големи технички помагала. Се почитувала идејата на проектантот, што е најважно и се изведувале како што тој ги предвидел. А Дамјанов лично присуствувал при изградбата на секоја црква. Тој создал огромно национално богатство, кое и по толку време на (не)одржување опстојува и е белег на нашето постоење   - рече Ќосевска.   Гостите на настанот положија цвеќе на гробот на Дамјанов, кој е без никакви ознаки, по негово барање, оти образложил ,,мајсторот по делта се познава,,.  

Асоцијација на архитекти на Македонија во чест на Дамјанов од 1989-та година ја доделува наградата за животно дело што го носи неговото име, како најголемо професионално признание на архитектите на Македонија. Во периодот од 1994-та до 2004-та наградата се доделуваше на Петровден во црквата Св. Пантелејмон во Велес дело на Дамјанов. Архитектите побараа оваа  награда повторно да се врачува во Велес, на Петровден во црквата Св. Пантелејмон.  Негови дела се и црквите  Св. Јоаким Осоговски во Крива Паланка,  Успение на Св. Богородица во штипско Ново село,  Св. Никола во Куманово,  Св. Архангел Михаил во селото  Чичево- велешко.  Во соседството ги изградил црквите Св. Ѓорги во Смедерево, Св. Тројца во Ниш и Св. Богородица во Сараево. 

loading...

Поврзани »

loading...

Rontis вработува магационер

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала Ронтис заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи: Mагационер Детали

Rontis вработува техничар за одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала „Rontis“ заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи: Техничар во оддел за одржување

Детали

Rontis вработува оператори

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи: 20 (дваесет) Оператори во производство Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com