Ауди излетал од патот кај Кадрифаково, возачот со тешки телесни повреди пренесен на Клинички во Скопје

Петар Печков

Вчеравечер,  на магистралниот пат Штип -Велес, кај село Кадрифаково, се случила сообраќајка со еден тешко повреден патник, кој е пренесен на клиниките во Скопје. МВР со повеќе информации на тешката сообраќајка.

На 25.10.2018 година во 20.00 часот на магистралниот пат Штип - Велес близу село Кадрифаково, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Ауди А4“ со германски регистарски ознаки, управувано од В.Д. (32) од Свети Николе, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Д., кој со возило на Итна медицинска помош  веднаш бил пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" во Скопје, додека со телесни повреди се здобила сопатничката С. П.(33) од село Кравари, битолско - пишува во писмената информација на МВР. 

Извршениот увид на местото на настанот ќе ги каже причините за излетувањето.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати