Бадникова литија, за прв пат во Велес (фото)

Петар Печков

Стотина дечиња  носејќи ја  макетата од Витлеемската пештера и пеејќи ја Божикната – Бадникова песна, го најавија раѓањето на Исус. Ова е  случи за прв пат во Велес во Организација на Повардарската Епархија на МПЦ –ОА.

По отслужените Царски часови со Василиева Вечерна Литургија, во црквата Св. Козма и Дамјан, од кругот на Болницата децата се упатија по улиците на Велес. Тие беа по пат дарувани од граѓани -верници со коледарски подароци. Литијата заврши до зградата на Општина Велес, каде на сите деца  градоначалникот Чадиев   ги даруваше со бадникови пакетчиња. 

Оваа бадникова литургија се случи за прв пат во Велес.  Целта е на  ваков начин да се возобнови древната традиција на Бадник  а во духот на  правилното православно празнување на Бадник.  Пријатно сме  изненадени од одѕивот на децата но и од  приемот на  велешани – рече отец  Драги Гаштарски.  Ниту снегот,ветерот и студот не беа пречка стотина деца да ја пренесат макетата на Витлеемската пештера о велешките улици.  

 фото: Повардарска Епархија МПЦ 

loading...

Поврзани »

loading...
Дежурство на аптеките (АВГУСТ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каква е културната понуда и забавата летово во Велес?

  • одлична, има се
  • никаква, нула
  • има по нешто, за сечиј вкус
  • од што има, одам во други градови
Резултати