Бадникова поворка по втор пат и во Велес (фото)

Петар Печков

Околу 500 деца, саботата на Бадник  минеа по улиците на Велес и ја пееја песната ,,Вечниот Бог,,. Втора година по ред беше организирана Бадникова поворка, во која мноштво дечиња, пеејќи ја Божикната (Бадниковата) песна Вечниот Бог, се движеа по улиците на градот. Тргнаа  и ја завршија  маршрутата во  црквата Св. Кирил и Методиј, каде по завршувањето на Литургијата  Митрополитот Агатангел ги даруваше дечињата кои беа собрани во црквата со бадникови пакетчиња.

Презадоволни сме од одѕивот  на дечињата, очекувавме 300 дојдоа 500.  Ако децата досега го правеа на маалски начин со пеење на  песна која нема врска со Христовото раѓање, сега е на исправен начин, пеејќи ја радосната песна за раѓањето на Исус.  Убаво е да се видат дечињата кои се ангелите, кои ја пеат песната ,,Слава на Бога во висините,  а на Земјата мир меѓу луѓето,,.  Се надевам дека ќе осознаеме дека љубовта е тоа што треба да не сплотува а разделбите и разијдувањата  не се полезни   - изјави отец Драги Гаштарски, за телевизија К-1.

 фотографии Повардарска Епархија МПЦ - ОА

loading...

Поврзани »

loading...

Ронтис вработува 20 оператори во производство

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати