Базенот годинава нема да проработи, оти е опасност по животот на посетителите

Петар Печков

Градскиот базен годинава нема да проработи, бидејќи сосојбата на инсталацијата е  очајна а нема ниту средства со кои ќе може да се изврши санација.  Градоначалникот како решение нуди автобуски превоз, постојана линија до езеро Младост, која функционираше до пред 15-тина години,  замена за освежувањето во градот. Коцевски смета дека ако базенот беше во функција, ќе беше доведен во опасност животот на децата, кои се најчести посетители. 

Човечкиот живот нема цена и не можеме ниту смееме да го загрозиме животот на граѓаните, особено кога се работи за деца кои се најчести посетители на базенот.  Во услови на недостиг на финансиски средства за трајна санација на базенот работевме на повеќе алтернативни решенија. За да излеземе во пресрет на потребите на граѓаните и да обезбедиме разладување во жешките летни денови, ќе го користиме автобусот во сопственост на Општина Велес кој ќе ги превезува граѓаните до езерото и назад за симболична сума, во висина на билетот за базенот. Со ова решение велешани ќе добијат можност за разладување на нашата најатрактивна туристичка локација. Ќе анагажираме и спасувачи кои постојано ќе се грижат за безбедноста на граѓаните   - порача Коцевски.   

Тој нагласи дека одуката годинава да не работи базенот била тешка, но единствено исправна.  Состојбата со опрема таму била критична, што е потврдено од стручни лица на ИЗИС од Скопје. Реакциите ги  препраќа на друга адреса.

Со години ништо не е инвестирано на запуштениот базен, во однос на неговото одржување, неговата опрема, ниту пак три години е плаќана киријата.    Општината во меѓувреме ќе работи на трајно решение за санација на градскиот базен и негово соодветно опремување за наредната година. Доколку направиме времена санација истата ќе чинеше 3.100.000 денари, а нема трајно да ги реши состојбите. На базенот му е потребна темелна реконструкција. Ќе направиме анализа дали тој може да се користи и како затворен, да биде во функција цела година, сите 12 месеци - додаде Коцевски. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати