Бетонски плочи од 1,7 тон се држат на дрвена граѓа, таква е состојбата на Градскиот базен (фото)

Петар Печков

По барање на ТрМр денес Општина Велес организираше посета на  Градскиот базен  а по реакциите на социјалните мрежи дека Базенот треба да работи по секоја цена летово. Но тоа што  можеше да се види е поразително. 

Бетонски поличи тешки повеќе од еден тон се потпираат со дрвени столбови, просториите прокиснуваат. Или откако Базентот во далечната 1979-та година беше изграден од ЈНА  за тогашните армиски игри на  војската, ништо не е е сериозно променето, санирано.  Двете домаќинки Снежана Дервишова и Веса Смилева градежни инжинери во една реченица   кажаа најилустративно што таму се случуува.

,,Не постои градежен инжинер во земјава што ќе потпише дека објектот може да биде во употреба,,  

Нивните објаснувања пластично пренесени за пошироката јавност говарат дека бетонските плочи, околу водената површина се истрошени, поради забот на времето.  Или една таква од димензии 1,5 м. должина, 50 см широчина и 15 дебелина е тешка  1,7 тони.   Има и поголеми кои тежат до 2 тони има и помали кои се тешки 200 кг. Но поголемиот дел околу водената површина  се со тежина од 1,7 тони.   Или вкуно околу базенот има бетонски плочи чија вкупна тежина е  150 тони или 65 кубика бетон 

За да може да се изврши било каква  активност во подрумските простории, тие плочи треба да се кренат, дигнат.  Не постои начин, не постои човек кој  кој ќе ги крене освен механизација. За таа да дојде до тука мора се да се растури околу базенот. Тоа се градежни машини  на кој им е потребен пристап - рече Смилева. 

Додава дека Градскиот базен е изведен како полумонтажен тип на градба со одреден век на траење. Четири децинии таму нема изрвшено сериозна реконстукција.  

Хлорот од водата за базенот, со години нанзад ја разградувал структурата на бетонот не само од монтажните плочи, туку и од самиот базен како појас. Паднат е најнискиот слој од бетон и се гледа со голо око - `ргосанта мрежа, арматурата.  И таа  е изедена со времето и е со помал профил сега отколку што била. Ако постоела добра вентилација можеби состојбата не би била толку лоша. За обичниот читател бетонот и арматурата се една целина. Арматурата не смее да биде изложена на атмосферски влијанија и затоа има дебелена на слој на бетон, арматурата да не биде изложена на дирекно влиајние,а тука имаме таков случај. Овде хлорот го сторил своето, го растурил бетонот и со голо око се гледа арматурата. На неа има влијание и таа е `ргосана  - кажа Смилева дипл.  градежен инг.  

Во документот до кој дојде ТрМр  консултурани се и стручни лцаи од  ЈКП Дервен во однос на опремата, каде тие потенцираат дека има потреба од нова опрема за хлорирање.  

Во подземениот дел, може да  се види дека досегашниот корисник за да ги надмине тековните проблеми со дрвена граѓа извршил потпирање на бетонските плочи.

Состојбата со градскиот базен е критична по евентуалните корисници. Со текот на времето поради агресивната средина и  забот на времето е изедена арматурата. Тоа се видливо во сувите комори, каде  заштитниот слој е комплетно опаднат и многу оштете. Опасно е оти тука најчести посетители се децата. Потребна е комплетна замена на плочите за да биде безбедно за капачите. Граѓаните треба да имаат разбирање оти тука доаѓаат нивните деца, а кој сака да им се случи нјајлошото - изјави Снежана Дервишова  од локалната власт. 

За потсетување изјавата на директорот на Институтот за сеизмолигија и земјотресно инжинерство, која за ТрМр ја дада уште во март годинава кога беше на увид  и  препорача целосна санација.

Бетонските  покривни плочи се во многу  лоша состојба.   Таа средина, која ја викаме агресивна средина,  каде  има испарувања од водата, има хлор, па состојбата на арматурата и самиот бетон е  во мошне лоша.  Затоа на надлежните во локалната власт ќе им препорачаме, да имаат сериозен пристап. Во ваква состојба како што е, базенот е  во загрижувачка состојба  и може да има несакани последици. Бетонот и арматурата се  во  мошне, лоша состојба - кажа проф Влатко  Шешов, директор на   ИЗИС, кој беше на увид   со  негови  колеги.

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Кој ќе биде новиот светски првак во фудбал?

  • Аргентина
  • Англија
  • Англија
  • Бразил
  • Белгија
  • Германија
  • Португалија
  • Русија
  • Србија
  • Уругвај
  • Франција
  • Хрватска
  • Шпанија
  • некој друг
Резултати