Бетонски столпчиња уранати, безбедноста нарушена

Петар Печков

По серијата на уништување на заштитните  огради и инфраструктура  во градот, од несовесни и возачи кои брзо и неодговорно  возат, последиците  ги чувствуваат пешаците. Така   во таа низа пред еден месец, некој возач, кој не е евидентиран во велешката полиција- според нејзиниот портпарол нема пријава за оштетување но   непознатиот  урна неколку бетонски заштитни столпчиња на  улица Димко Најдов. Тоа е улицата спроти скривниците кој Долни дуќани или близу Стар мост.  Проблемот што тоа го создаде, реагираат жителите од овој ден на Велес. 

Со урнувањето на овие бетонски столчиња, не сме сигурни по   безбедноста  на пешаците. Сега е отворен простор кон  пругата.  Некој може  да падне, да излета автомобил, опасно е. А тука минуваат голем број на велешани, деца кои  одат на училиште, во вечерните часови е темно – велат жителите од овој дел на градот.    

Од локалната  власт најавуваат дека се преземени чекори, што може да се стори. Бидејќи патот е регионален и во надлежност  на Агенцијата за државни патишта, близу е до пругата во нејзиниот појас каде е надлежност на ЈП Македонски железници - инфраструктура.  

На општинските служби дадов задача ,  стручните службите да преземат соодветни активности за да може да се отстрани во најкраток рок.   Истата задача им ја дадов и за одроните од карпите кои се кај Градскиот саат и тоа да се санира, на не биде повреден некој минувач  - рече градоначалникот Аце Коцевски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати