Библиотеката, Народен музеј, локалитет Стоби, затворени за посетители

Петар Печков

Заканата од корона вирусот ги завори вратите на културните институции во Велес. 

Согласно мерките и препораките од Владата а по предлог заклучоци од Комисија за заразни болести, Локалната библиотека „Гоце Делчев“  донесе одлука дека нема да работи со корисници, таа е  затворена - соопшти директорот Игор Крајчев.

Поради препораките на Министерството за здравство и спречување на ширење на вирусот КОВИД-19,Ве известуваме дека Археолошкиот локалитет Стоби е затворен за посетители се до следните препораки - порача Спасе Перовски директор нa НУ Стоби.

Народниот музеј од Велес е затворен за посетители. Исто така посетители не примаат и спомен куќите на Рацин, Главинов, Касапови, Џинот, спомен куќите во Горно Врановци, Спомен Костурницата а нема ниту изложби во Ликовниот салон. Оваа мерка е се додека трае состојбата со заканата од корона вирусот - информираше Марин Клифов в.д директор на Народен Музеј Велес.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати