Библиотеката и музејот со минимален број вработени а наскоро во пензија заминуваат дел од нив

Петар Печков

Велешките локални културни институции, работат со минимум вработени. Во Градската библиотека „Гоце Делчев“ има пет вработени, од кои еден е книговодител, еден хигиеничар, еден од нив работи во клонот во Градско, на почетокот од следната година еден од вработените заминува  во пензија.

Во Градскиот музеј има единаесет вработени а на почетокот од следната тројца вработени одат  во пензија. Со ова сериозно е разнишана работата, поради што градската библиотека работи од понеделник до петок од 8 до 16ч. Тоа предизвикува реакција кај  граѓаните  кои одат  прва смена на работа и не можат да позајмат книги, кои во овој период на ковид-19 изолација, доста се барани.

Пред некој ден во посета на Општина Велес, требаше да дојде министерката за култура, со која ќе разговаравме токму за овие  теми. Таа ја одложи посета во последен момент, чекам да се заврши нејзината самоизолација за да разговараме за овие проблеми. Ќе побарам да дадат дозвола за пополнување на повеќето испразнети слободни места во музејот и библиотеката - кажа градоначалникот Коцевски. Тој обрна внимание и на состојбата и со инспекторите на неколку државни институции.

Во трудовата инспекција, во УЈП -Велес, во Државниот пазарен инспекторат,  Државниот инспекторат за животна средина, ме загрижува состојбата во овие служби, каде нема ниту еден инспектор. Не личи на град како Велес, да биде без инспекциски служби, да доаѓаат инспектори од Кавадарци и Неготино, што значи дека некој не ја терал работата како што треба. Ова придонесува сивата економија во градот да биде во залет, бидејќи нема контроли од надлежните - дополни Коцевски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати