Битолчанец на експресниот пат Градско – Прилеп возел со брзина од 151 км. на час а дозволена била 80 км

Петар Печков

Битолчанец на експресниот пат Градско –Прилеп возел 151 км/ч а дозволена брзина била 80 км/ч. Деталите од информацијата на велешката полиција.

„На 25 ноември  во 11:45 часот, на експресниот пат Градско- Прилеп, кај место викано „Мотел Дреново“, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиja од слобода З.Б.(43 год) од Битола. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки со брзина од 151 километар на час на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 80 километри на час“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297- а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Поврзани »

Експанда ДООЕЛ

ПРОДАЖЕН ЕКСПЕРТ
Локација: Велес
Број на работни места: 2

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

  • да
  • не
  • зависи од дуќанот
Резултати