Болести на циркулаторниот систем ги напаѓаат лицата од 20 години па нагоре

Петар Печков

Болестите на циркулаторниот систем  се најчести  заболувања кај велешани. Ова го покажува статистиката на Центарот за Јавно здравје Велес.   Според податоците за 2014-та и 2015-та, за 2016- та се уште се обработуваат,   болестите  на крвта, крвотворните органи и пореметувања на имунитетот се на прво место  кај  најбројната популација од 20 години па нагоре.  

Така кај оваа популација  во 2015-та  имало 1.538 заболени лица или тоа е морбидитет од 36 на илјада жители.   Во 2014-та има нешто повисок број од 1.725 заболени или 40 на илјада  жители.  Сосема различна е сликата кај помладата популација училишната и кај децата. Таму на прво место се болести на респираторните органи.  

Така  за возрасната група до шест години  во 2015-та има заболени 709 деца што е  морбидитет 177 на илјада деца а година дена претходно  имало 742 заболени деца од циркулаторниот систем што е 183 заболени на илјада деца, секако бројка што не е за занемарување.    

Кај возрасната група од 7 до 19 години има исто така регистрирано заболувања на болести на  крвта, крвотворните органи и пореметувања на имунитетот.     Во 2015-та имало  204 деца од школска возраст или 25 на илјада а година дена претходно  имало 216 заболени  или 29 на илјада школски деца.  Во овие две категории циркулаторните болести се  при дното, односно 15-то и 19-то место.

Да нема забуни според методологијата  на Меѓународната класификација на болестите,  се водат ,,Болести на крвта, на крвотворните органи  и пореметувања на имунитетот,,.   Податоците се однесуваат на територија   на општина  Велес, без соседните  Лозово, Чашка и Градско.      

И за крај на овој текст во 2015-та секој велешанец според статистиката на  Центарот за јавно здравје во просек 9,3 пати бил на доктор.                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                            

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати