Борец во дербито ја совлада Беласица

Петар Печков

Фудбалерите на Борец на Градски  го совладаа лидерот Беласица со убедливи 3:0, но ќе чекаат струмичани да одиграат за велешкиот второлигаш за тие да се надеваат дека ќе одат во баражот за пополнување на Првата лига. Во саботота на Градски, со двата ефектни гола од слободен удар на Дарко Јоциќ и голот на Ѓорги Ѓорѓиев велешани уште во рпвото полувреме го решија победникто. Останув спорно дали во 68-та минута судијата не призна гол за Борец, откако според приустните на стадионот топката во два наврати ја мина гол линијата, но судиите тоа не го квалификуваа како погодок. Така Беласица   во 25-тото коло го доживеа вториот пораз во првенството и по девет натпревари примија гол, не еден туку три.  Во последното коло велешани играат против Саса во Македонска Каменица која е седма со 25 бода и седум победи. Освен што Борец треба да победи, во дербито во Струмица Брегалница од Штип, која е втора со два бода предност  не треба да слави, и со нерешено Борец ќе се изедначи со бодовите, и има подобар меѓусебен скор од штипјани. Така фудбалерите на Борец 1919 ќе играат во Каменица а со мислите ќе бидат во Струмица од каде ќе очекуваат поволни вести.

 

Во футсал финалето на Купот  играно во Гостивар, велешката екипа на Гемиџии 1903 не стигна до трофејот. Поразени со со 1:4 ( 1:2) од екипата на Јувентус Серава. Така прволигашот стигна до освојувањето на Купот а велешани, кој се во Втора лига, не успеаја по втор пат да го освојат по тој од 2008-та. Сепак заслужуваат честитки што стигнаа до финалето.  

 Во 19-тото коло од Првата фудбалска лига жени, фудбалерките на Борец дома  на Градски со 4:2 славеа над екипата на Топ Гол, коај е осма и има 20 бода со шест победи. По ова коло велешанки остануваат трети со 37 бода а веќе в среда гостуваат во Кочани на истоимената екипа која е 9-та со 17 бода.  

Со победата од 28:25 (14:14) екипата на ГРК Борец останува во елитното ракометно друштво. Во натпревар во кој велешани беа постојано во водство, совладана е екапта на скопки Мелатруг  2. Седум голк постигна Зоран Стојановски а  Кире Мачавелов запиша 6 гола.  Со ова победа Борец е втор во оваа лига со 21 бода далеку од последниот Прилеп кој има 13 и со бодовна разлика која ветува опстанок. . Во следното коло велешани се слободни. 

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати