Борец во дербито ја победи Брегалница, сите голови мајсториja (видео)

Петар Печков

Во дербито на колото велешки ФК Борец 1919 дома на Градски со 3:2 (2:0) ја победи Брегалница од Штип и ја откажа од аспирациите за врвот. Разликата меѓу двете екипи сега е  9 бодови а гостите беа дојдени да победат не да се бранат.   За одбележување се четирите гола кои бе постигнати од удари од 16-тина  метри и беа вистински мајстории. Борец поведе со голот на Николовски во 43-та, на 2:0  зголеми  Мирчевски.   Велиновски во 52 намали на 2:1 а Коцев зголемува во 60. Во финишот штипјани намалуваат со голот на  Наумов во 87.  По 12 кола Борец има 34 и чест повеќе од вториот Тиквеш кој во второто дерби на колото дома го совлада Кит Го  со 1:0 и отпиша од високи аспирации. Во следното коло повторно две дерби. Во Штип Брегалница четврто пласирана  го пречекува второ пласираниот Тиквеш а лидерот Борец 1919 гостува во Гевгелија на Кожув  кој е трет.

Во првата  футсал лига во дербито шампионот КМФ Велес го победи лидерот КМФ Шкупи со 5:2 (4:1) и му се доближи на два бода разлика. КМФ Гемиџии 1903 загуби во Кратово од истоимената екипа со 5:1 (3:0 која досега имаше само една победа. По 10 кола КМФ Гемиџии паднаа на осмото место со 12 бода  од 10 екипи. Во следното коло КМФ Велс ја пречекува екипата на КМФ Црна река која е седма, додека КМФ Гемиџии го пречекува скопски КМФ Железарец    кој е трет со 15 бода три повеќе од велешани. 

Одбојкарите на Борец во четвртото коло играа во Дебар, против новакот  Дибра Волеј и победија со 0:3 (12:25, 12:25, 15:25). И двете екипи настапуваат со младински состави а велешките покажаа подобар квалитет и се радуваа за прв пат во првата лига. претходно во средата во вонредно коло, дома загубија од шампионот ОК Струмица со максимални 0:3 (8:25, 11:25, 11:25). По ова коло ГОК Борец е деветти до 10 екипи а во следното дома го пречекуваат  второпласираниот ОК Универзитет Тетово.

 Во Првата женска фудбалска лига екипата на ЖФК Борец играше во Струмица со ЖФК Истатов. Се доигра првото полувреме кога домаќинките водеа со 11:0 а во второто велешанки не се појавиле на терен, со оправдување дека поради повреда на пет фудбалерки не можат да продолжат.    По ова 11-то  коло велешанки се 12-ти три бода а во следното претпоследно есенско коло  ја пречекуваат екипата на ЖФК Каменица Саса која е  осма со 18 бодови. 

Ракометарите изминатата седмица играа прекувремено,и забележа два порази. Во средата во Радовиш загубија од истоимената екипа со  45:34 (22:14). За одбележување се 15 гола на велешанецот кој настапува за Радовиш Ивица Илиев. Викендов во Струга младите велешки ракометари загубија од истоимената екипа со     40:22 (18:8). По одиграни 10 кола ГРК Борец  е последен без ниту еден бод.  Во следното коло велешките ракометари ја пречекуваат екипата на РК Прилеп 2010 која е претпоследна со 4 бода. Ќе имаат ли можност младите ракометари нa Борец за прва радост?  

Во Втората кошаркарска лига исток екипата на КК Борец баскет загуби во Скопје од Академија МФП со  81:62. Тоа беше дерби на лидерот Борец и третопласираниот домаќин, кој имаше четири победи и натпревар помалку, во кој скопјани убедливо славеа. За одбележување е ефикасноста на Виларов, кој постигнал 22 поени а 15 се од удари за три поени. По ова шесто коло велешани се втори со 10 бода, колку што имаат и лидерот  Карпош Соколи, Академија ФМП но со натпревар помалку. Следното коло во Велес доаѓа екипата на ТФТ од Скопје која е петта со 8 бода.      

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали честите акциски контроли на сообраќајната полиција, изминатите два месеци, воведоа ред во однесувањето на возачите и пешаците?

  • да
  • не
Резултати