Борец загуби дома во дербито од Победа Валандово

Петар Печков

Два порази и една победа, тоа е билансот на велешките екипи  од  претпоследното 12 коло од Третата лига југ.

Во дербито од врвот Борец 1919 загуби дома од Победа Валандово со 0:1. Така гостите  имаат пет бодови предност а Борец заостана од битката за врвот, тој е трет со  26 бодови колку што има  и Напредок од прилепско  Крушеане.  

Токму од оваа екипа загуби и Превалец на гостувањето, со резултат  1:0. Превалец сега е петти  со 20 бода колку што имаат и екипите околу него.  

Единствена победа, забележа екипата на Гемиџии со 1:0 во Крушево против Питу Гули.  Превалчани имаат исто така 20 бодови и се соседи со Гемиџии кои  стигнаа од шестото место со исто така 20  бодови.

Во следното, последно есенско коло  во соседското дерби од табелата Гемиџии играат дома со Партизан од Обршани кој има 21 бода и е седми.   Превалец игра дома со екипата на 11-ти Октомври од Прилеп, која е последно пласирана.  Борец 1919 гостува во Миравци на Зорбас Победа, која е претпоследна со  осум бодови. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати