Борец и Беласица одиграа нерешено и без голови

Петар Печков

Во седмото коло од Втората  лига Исток, Борец и Беласица одиграа нерешено, без голови 0:0.

Велешани ја имаа иницијативата, гостите од Струмица кои се лидер на табелата,  се бранеа и упатија само еден директен удар кон голот на Борец 1919.   Домаќинот иницијативата  можеше да ја ефектуира преку трите  шанси во финишот од првите 45 минути и две во второто полувреме, но сите нив гостинскиот голман Манчевски успешно ги одбрани. И тој  е најзаслужен што Борец не победи, иако домаќините  ги разочараа гледачите со прикажаната игра.  

По ова 7-мо коло ФК Борец е 6-ти со 9 бодови и гол разлика 3:2. Во следното коло, следната сабота велешани гостуваат на соседот од табелата Осогово во Кочани, кој е  7-ми со 7 бодови.  На врвот е Беласица со 19, Брегалница е втора со 18 бода.  

Раководството  на ФК Борец 1919 најави дека клубот  оваа сезона ќе се бори за пласман во Прва лига.    Вторатата лига Исток продолжува без поранешниот прволигаш Хоризонт Турново кој е исфрлен од страна на Фудбалската федерација на Македонија поради неплатена котизација.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати