Борец победи во фудбалското дерби со Тиквеш (фото)

Петар Печков

Во дербито на Втората лига Исток, на Градски во Велес, Борец 1919 со скромни 1:0 го совлада Тиквеш од Кавадарци. Единствениот гол на средбата падна во првото полувреме во 42 минута.  Стрелец беше Александар Пановски. Иако беше постигнат еден гол, имаше многу картони, дури десет и сите жолти.

Иако победија, гледачите кои и на  врнежливото време дојдоа да го следат нивниот љубимец, заминаа незадоволни од играта, посебно во второто полувреме кога  иницијативата но без шанси, ја  имаа гостите од Кавадарци.  

По ова петто коло ФК Борец стигна до третото место со 9 бодови, колку што имаат гостите и екипата на Плачковица со која ќе играат в сабота во Радовиш.   Беласица е лидер со 15 бода пред штипска  Брегалница 11. Велешани по пет кола имаат гол разлика 3:1.

Денес, вторник во По Франција се возеше екипната трка од Светското првенство во кајак слалом  во К-1. Македонската селекција, составена од велешките кајакари Небиовски, Спасиќ и Златаров во конкуренција од 27 селекции го зазеде 20-тото место.  Нови светски прваци се Чесите, пред Французите и Словенците. Утре среда  во 10,30 ч. се возат поединечните трки во К-1 слалом, каде ќе настапат  Борче Мирчевски, Енис Небиоски, Александар Златаров. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати