Бран на нови именувања на директорски позиции во Велес

Петар Печков

По бранот на разрешувања и оставки во велешките локални институции именувани се вршители на должност.

Во ЈКП Дервен поставен е Душко Ќумбев дипломиран економист менаџер и  дипломиран менаџер по осигурување, откако поради морални причини досегашниот директор   Ѓоре Стојанов поднесе оставка. Тоа е поради синот Јане Стојанов кој  е  раководител на  Регистрационото одделение на Централен регистар Велес.

За в.д. директор на ЈП Парк Спорт е поставен Александар Дамчевски -дипломиран правник.  Тој доаѓа на оваа позиција откако досегашниот директор Златко Гуцев беше разрешен поради  незадоволителни резултати и неповолната состојба во материјалното и финансиско работење на ова ЈП.   

Денес оставка од лични причини, заминува на друго работно место, си поднел Александар Гулевски директор на ЈП Велес гас. За в.д. директор е поставен Зоран Синадинов дипломиран земјоделски инженер.  

Денес бил разрешен и в.д. директорот на ЈЗУ Општа Болница Велес д-р Димитар Стровјаноски а е поставен д-р Божидар Бојаџиев спец. за уво, нос и грло.  

Анкица Калешова и дипломиран одделенски наставник е в.д. директор во ОУ Благој Кирков откако на досегашната директорка Сениха Брзева и заврши четиригодишниот мандат.  Таму е веќе распишан конкурс и се очекува наскоро да биде избран нов директор. 

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали е потребно забрана за користење на мобилни на наставата во училиштата?

  • да
  • не
Резултати