Бројот на заболени од сезонски грип во велешко, драстично опадна

Петар Печков

Во третата седмица од март, во велешко матичните доктори регистрирале 60 заболени лица од сезонски грип. Ова се бројките кои ги соопшти д-р Бојан Тодорoвски од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес.

За потсетување во втората седмица од март имаше  116 заболени лица.

Од 60-те ново заболени, најмногу 26 се деца од претшколска возраст, потоа доаѓаат деца од училишна возраст 17, па најголемата возрасна група од 15 до 64 каде има 14 заболени и над 65 години возраст има само три лица.

Вкупно во месец март има 530 лица а во првите два месеци годинава  имаше 2.177 заболени лица од сезонски грип во велешко, каде се и општините Градско и Чашка.   

Досега од последиците на сезонскиот грип во Македонија починаа три лица, исто колку и од новиот корона вирус. 

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати