Бугарин доби 3,8 години затвор за пренос на дрога

Петар Печков

Бугарскиот  државјанин Емил Каменов Борисов (48 год)  доби  3 години и 8 месеци затвор  откако беше фатен со 144,275  кг марихуана. Борисов  кој по занимање долги години бил затворски полицаец во Централниот Софиска затвор, го призна делото,, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори,, по што судија во Основен суд Велес му  ја изрече казната затвор и одземање на камионот со кој ја превезувал дрогата.    

Според Законот за одредување на санкции, за ова дело е предвидена казна затвор помеѓу три и четири години а со одмерување на олеснителните  и отежителните елементи, судијката му изрече казна од 3 години и  8 месеци.   Обвинетиот Борисов, чиј  татко бил полицаец, изрази жалење и каење  за стореното дело. И додека македонските државјани вадат бугарски пасоши за  да возат камиони низ Европа, Борисов  ја прифатил понудената работа да вози камион во Македонија.  

Ми се обрати  пријателот Росен, кој знаеше дек имам финансиски  проблеми, да го  отплаќам станот, да плаќам сметки. Ми понуди да бидам  шофер во Македонија за Европа  за две илјади евра.  Лекомислено и глупаво наседнав на ова. Жал  ми е за семејството што сега ќе мора без мене да живее и преживува. Тоа најмногу ме мачи. Мојот  живот  по ова се заврти за 180 степени  – рече низ солзи Емил, кој е женет и има две ќерки а  семејството живее со татко му кој  бил  35 години полицаец и сега бил болен пензионер.   Во впечатливиот  завршен збор адвокатот Оливер  Гашев, рече дека Борисов наивно влегол во оваа игра.

Постојат криминалци од  кариера и  луѓе кои  еднаш грешат,  како што е Емил.     Неговиот случај потсетува со оној  од филмот ,,Тетовирање, кога главниот лик завршува во затвор затоа што полицијата го фаќа со празен куфер. Така и Борисов е откриен бидејќи царината и е чудно, што приколката  на камионот е празна, иако другиот дел е полн,  па со истрагата открива дека во празната приколка носи марихуана – го бранеше обвинетиот, адвокатот Гашев.   

Камионот со дрогата е  откриен на 11 април годинава,   во 23,50ч. на граничниот премин Богородица на македонско -грчката граница.   Кога Борисов  пристигнал на царинските службеници  им рекол дека нема ништо за пријавување и дека возилото е празно. Бидејќи царинските службеници се посомневале во неговата изјава, камионот бил селектиран за контрола.

При  тоа   на возило камион   марка  ,,Сканија,, со бугарски регистарски таблички,  во страничните даски од полуприколката, царинските службеници забележале дека биле наполнети со наркотична дрога марихуана. Вкупната количина на запленетата марихуана е 144,275   килограми која била спакувана во  300 парчиња од по половина килограм. Камионот  тој го земал од паркинг на бензинска  пумпа  во Велес. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати