ВМРО-ДПМНЕ реагира за најавата за спојување на основните училишта

Петар Печков

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира за барањето на градоначалникот на Општина Велес да се спојат три основни училишта во едно а училишетто од Горно Оризари да се припои кон друго основно во градот.   

На седница на советот на општина Велес закажана за денес понеделник, како една од точките на дневен ред е иницијатива за рационализација на училиштата. Тоа во превод значи следново: Спојување на општинските основни училишта Благој Кирков, Јордан Хаџиконстантинов Џинот и Стојан Бурчевски Буридан како и припојување на ООУ Рајко Жинсифов од  Горно Оризари кон некое од останатите училишта во градот. Тоа почитувани сограѓани значи дека со спојувањето на првите три училишта, ќе згаснат два правни субјекти кои функционираат повеќе од 50 години, функционираат за добробит на учениците и прават кадри кои ќе бидат носители на општествениот живот. Со самото згаснување, тековно ќе се појави огромен вишок на наставен и административен кадар, и контролата која ќе падне под новиот правен субјект ќе биде речиси невозможно да се прави. Предвидено е затварање на подрачните училишта во Башино Село, Отовица и Сујаклари. Со самото тоа 6 годишните дечиња од тие села ќе треба да стануваат порано за да стасаат на училиште. Како можете г-дине Коцевски да направите такво нешто? Од една страна сте предвиделе во Вашата програма реконструкција на училиштата во тие места, а од друга страна ќе ги затварате. Од една страна велите дека ќе штедите, а со превозот на децата секојдневно - изјави Игор  Здравковски претседател на ОК ВМРО-ДПМЕ за Велес.   Тој  го повика градоначалникот заедно да работат за иднината и просперитетот на градот и граѓаните на општина Велес. 

Градоначалникот Коцевски одговарајќи на прозивките кажа дека нема ниту еден вработен од сите училишта да остане на улица и ја побара поддршката од опозицијата   за оваа точка уште денес на попладневната седница.  

Факт е дека во времето кога е создавана мрежата на основните училишта во Општина Велес бројот на ученици бил далеку, далеку, поголем од сегашниот. Во услови на драстично намален број на ученици,  постоечката мрежа е предимензионирана и затоа мора да се подобри и да се прилагоди на постоечките состојби, барања и потреби. При тоа гарантирам дека ниту еден, повторувам уште еднаш, ниту еден наставник или било кој друг вработен нема да остане без работа. Образованието е многу важно за иднината на нашите деца, затоа ги повикувам претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, одговорно да ги анализираат состојбите, да се соочат со непријатните факти и без да внесуваат политика во оваа чувствителна тема да ги поддржат предлозите за кои времето ќе докаже дека се визионерски и единствено исправни, кои колку побрзо ќе ги направиме толку подобро ќе биде за сите нас, а особено за нашите деца, за нашата иднина.  Еве ви можност од зборови да преминете на дела. Искористете ја приликата да бидеме единствени по ова важно прашање, заедно да ја споделиме одговорноста и заедно да ги споделиме заслугите за овој важен реформски зафат - изјави  градоначалникот Коцевски.

Ваква иста точка беше поставена и на 14-тата седница на Советот на Општина Велес, кога беше поддржана од тројца советници, премалку за да мине. Градоначалникот денес повторно ја враќа на одлучување пред велешките советници.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати