Вардар стигна утрово до ниво од 216 см, но опаѓа

Петар Печков

Највисокиот водостој реката Вардар во Велес го има утрово во 7ч., кога биле измерени 216 цм. Потоа постојано нивото е во опаѓање а во 16 ч. било 200 цм. Ова се информациите од Центарот за управување со кризи.

Од таму додаваат дека реката и во текот на попладнето ќе опаѓа. Нема пријави за тоа дека реката поплавила дел од површините во велешко.  

Утринскиот водостој на  Вардар во Велес, кој е највисок овие денови бил  за  130 см повеќе од просекот за декември. Од УХМР најавуваат дека дождовите престанаа и не се  очекува нови во наредниот период  а со тоа ќе дојде до опаѓање на надојдените реки.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати