Велес и велешко на врвот на листата на најмногу заразени со ковид-19 во земјава на 100 илјади жители

Петар Печков

Велес и велешко при врвот според бројот на  заболени во земјава, споредено со бројот на жители. Статистички на 100 илјади жители во велешко има  208,2 заразени лица со ковид-19. Најмногу според оваа статистика има во Македонска Каменица 260 на сто илјади жители.  

Велес на мапата е обоен во темно црвено, како општина со највисока  инциденца.  Ова се податоци заклучно со 17-ти октомври, кога во велешко имаше активни 333 лица, позитивни на корона вирусот. Освен од Велес и велешко во ова бројка се и активните случаи од соседните општини Градско и Чашка, кои ги покрива Центарот за јавно здравје Велес.

На истата територија, велешко заедно со Градско и Чашка, вакцинирани се 52 отсто од жителите, или едвај нешто над половината.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати