Велес и околината ноќеска четри часа без струја, ЕВН молчи што е причината

Петар Печков

Околу 60 илјади жители на општина Велес и Општина Чашка ноќеска неколку часа беа без електрична струја.  Од електро напојување беа исклучени од 1,40 до 5,40 часот. 

Од ЕВН нема информација што се случи, зошто илјадници жители останаа без струја, портпаролот не се јавува на телефон, на нивната веб страна нема информација а на телефоните за пријавување дефект се чека по половина час за да се дојде до оператор. Ниту Центарот за управување со кризи не добил информација од ЕВН што ноќеска се случи во велешко.

Од надлежните служби во Велес  информираат дека и покрај тоа што градот и околината четри часа беа без струја,  во полиција  нема пријави за нарушување на јавниот ред и мир, од брзата помош рекоа дека граѓаните не побарале интервенции во тие часови а во велешката Болница се вклучиле агрегатите за ваков случај и работата се одвивала нормално. 

Додека немаше струја низ централното градско подрачје полициски те коли беа на терен и го обиколуваа градот а сигурносните аларми беа вклучени и работеа долго во ноќта. 

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Кој ќе биде новиот светски првак во фудбал?

  • Аргентина
  • Англија
  • Англија
  • Бразил
  • Белгија
  • Германија
  • Португалија
  • Русија
  • Србија
  • Уругвај
  • Франција
  • Хрватска
  • Шпанија
  • некој друг
Резултати