Велес му оддава почит на безвремениот Рацин, денес и утре 57-ми Рацинови средби

Петар Печков

Денес и утре, петок и сабота, Велес му оддава почит  на Коста Солев Рацин. Градот е домаќин на 57-те Рацинови средби, кои со содржините  ќе потсетат на делото на бесмртниот поет. 

Во 10 часот во салата на театарот започнува меѓународната конференција „75 години македонски јазик, азбука и правопис„  а во 11 ч. е сесијата „ Јазикот и  стилот во творештвото на Горан Стефановски“. Тие се во организација на  Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“.

Помеѓу овие два настани предвидени се промоции. Првата е на „Собраните дела“ на Горан Стефановски , промовирани од д-р Ана Стојановска . Потоа следи „Како да се нацрта разговорот“ од новинарот Свето Стаменов и проф. д-р Људмил Спасов  чиј промотор е проф. д-р. Елена Јовановска Грујовска. По ова ќе бидат промовирани зборниците од меѓународните симпозиуми одржани на 55-те и 56-тите Рацинови средби, а промотор ќе биде проф. д-р. Људмил Спасов. 

Попладнето во 17ч. е засадување на садници  во шумата на Рацин, кај Спомен Костурницата.  Од 18,30ч. е отворањето на манифестацијата, кое е предвидено да се случи во Амфитеатарот од Младински парк. Тука Беседата за Рацин ќе ја говори Васил Тоциновски. Предвиден е и меѓународен поетски митинг, со учество во живо на автори од Македонија и преку видео снимки на поети од странство.   На крајот од првиот ден е планиран концерт на групата „Синтезис“.

Вториот ден од 57-те Рацинови средби, во родната спомен куќа на Рацин во 17,30 ч. е најавена промоција на збирка поезија од млади поети „Слушни ја тишината“.  Во 19ч. е доделувањето на наградите за Рациново и Почесно Рацинови признание, нивен портрет, видео обраќање на добитниците на Почесното признание  и концерт на камерниот оркестар  „Ангел Шурев“. Настанот ќе се одржи во Амфитеатарот на Младински парк.

Ако временски услови не бидат добри, настанот ќе се одржи во салата на велешки театар.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати