Велес навечер се гуши во високи вредности на штетниот јаглен моноксид

Петар Печков

Неколку вечери по ред Велес се гуши во смог и високи вредности на опасниот и штетен јаглен моноксид. Ова го покажуваат вредности на мерната станица на Министерството за животна средина. 

Воздухот во градот мириса на чад, создава проблеми при дишењето, па велешани избегнуваат да шетаат во вечерните часови, повеќето се по дома.

Шест дена и вредностите на ПМ-10 честичките се над максимално дозволените вредности. Засега нема реакција од екологисти за ваквата состојба. 

Вчера пак  медицинското списание „Кардиоваскјулар рисерч“ (Cardiovascular Research) објави дека  долготрајната изложеност на загадениот  воздух може да доведе до зголемување на ризикот од смрт од ковид-19, во просек за околу 15 проценти и предизвикува предвремена смрт кај луѓето.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати