Велес редовно го исплатува кредитот кон Светска Банка

Петар Печков

Општина Велес редовно го плаќа кредитот кон Светска Банка. Лани биле исплатени два пати по две рати а деновиве исплатена била и првата годинешна. Досега немало задоцнувања, уверуваат од локалната власт. 

Ги разделивме ставките за осветлување и водовод   да бидат одделени. И како стигнуваат така се исплаќани.  Ги   плативме ланските  и првите две рати   годинава  – изјави Славчо Чадиев градоначалникот на Велес на прашањето од ТрМр дали локалната власт редовно го сервисира овој кредит.  

Кредитот беше подигнат 2011-та година, кога градоначалник беше Горан Петров, со три години грејс период и ЛИБОР камата. Искористени се  42 милиони  за водовод и 20 милиони денари за осветлување.  

Досега се исплатени 16  рати а остануваат за плаќање уште 24. Првата рата доспева на почетокот од февруари а втората на почетокот од август.    

Едната рата за водовод е 2,5 милиони а за осветлување 1,5 милиони денари или во Општинскиот Буџет годишно се исплатуваат околу 8,1 милион денари за  овој кредит. Исплатата е до летото 2022 година.

Кредитот  е наменет за економично јавно осветлување и доведување вода до езерото Младост.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати