Велес сака да го менува ГУП-от оти со Просторниот план од 1977-ма среде град има езеро за каналот Морава - Вардар

Петар Печков

Општина Велес ја започна постапката за промена на Генералниот урбанистички план. Постојниот бил стар повеќе од 15 години и време било да се направи нов, објаснија од локалната власт. Но постојниот има и еден остаток од поранешна Југославија, од 1977-та година, акумулација среде град, според тогашниот план за пловност на реката Вардар. 

Предвидено е со Просторниот план, кој го носи државата,  езеро во центарот на Велес од Стар мост до мостот кај Башино село. Тоа е по течението на река Вардар и е согласно Просторниот план за пловност на реката, во рамките на проектот Дунав - Морава - Вардар - Егејско море. Тоа треба да се избрише и на тоа работиме. Постојниот ГУП не ги задоволува потребите на градот и со сообраќајот и со намените за градење. Од граѓаните бараме мислење, став, каде да биде индустријата, каде колективното каде индивидуално домување. Потребен ни е нов ГУП кој нема да прави проблеми при носењето на ДУП-овите   - кажа архитектот Роза Здравева.  

Со новиот ГУП  во границите на градот влегуваат населбата Дурутовец, Превалец, населбата Каменот, околу Спомен Костурницата,  која е доста атрактивна за градење и од сегашните 1,1 илјади  ГУП се проширува на 1,4 илјади хектари.  

Многу улици според ГУП се со висока категорија,   дел се како булевари, дел како собирни и магистрални улици. Од нив е тешко има пристап до околните објекти, кои имаат сервисна улога и создава големи проблеми и потешкотии. Затоа е потребно да се спушти рангот на сообраќајниците, таму каде што може. Потребно е да се отворат темите за просторот на живеење и индустријата   - изјави градоначалникот Аце Коцевски.   

Оваа прва трибина за промената на ГУП беше со локалните бизнисмени а дебатите ќе продолжат со различни целни групи.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати